Connect with us

Кошарка

Рекордни 25 асистенции за Рондо

Кошаркарите на Њу Орлеанс ноќеска го совладаа Бруклин Нетс со 128:113 во натпревар кој го одбележа плејмејкерот Раџон Рондо со дури 25 асиистенции.

За Рондо ова беше личен рекорд во број на додавања, а воедно и нов клупски рекорд. Досегашниот го држеше Крис Пол со 22 додавања.

Рондо стана и првиот кошаркар во НБА лигата по Џејсон Кид од 1996 година, со 25 или повеќе асистенции на еден натпревар.