Connect with us

Фудбал

Ривалдо: Нејмар порано или подоцна ќе замине во Реал Мадрид

Некогашниот фудбалер од средниот ред на Барселона Ривалдо смета дека неговиот сонародник и фудбалер на ПСЖ Нејмар порано или подоцна ќе премине во редовите на Реал Мадрид.

Ова лето долго се шпекулираше дека Нејмар би можел да да го напушти ПСЖ по само една сезона и да се упати кон Мадрид, но изгледа дека од тоа нема ништо.

Сепак, Ривалдо смета дека ќе дојде до трансфер, порано или подоцна.

„Верувам дека Нејмар и наредната сезона ќе игра во Франција, но во фудбалот никогаш не знаете што носи следниот ден. Се е на маса додека трансфер периодот не заврши“, рече Ривалдо и додаде:

„За сега, морам да верувам на неговите зборови дека ќе остане во ПСЖ, но слушнал дека порано или подоцна ќе заврши во Реал Мадрид“.

ПСЖ минатото лето му плати на Барселона 222 милиони евра за да го ангажира Нејмар и тешко е да се верува дека Бразилецот по само една сезона ќе го напушти клубот, иако екипата испадна веќе во осмина финалето од Лигата на шампионите.