Кошарка
Риверс: Да бидам искрен, Теодосиќ не изгледа добро
Тренерот на НБА екипата Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс е загрижен за состојбата на својот играч Милош Теодосиќ откако на синоќешниот дуел со Оклахома Сити српскиот репрезентативец заработи повреда на стапалото.
Теодосиќ на теренот мина само девет минути и имаше два поена и четири асистенции, откако почувствува непријатности во левото стапало.
Ќе ја следиме ситуацијата од ден на ден, тоа се бара при ваков вид на повреди, но да бидам искрен, Теодосиќ не изгледа добро, изјави Риверс.
Теодосиќ поради истата повреда пропушти 22 натпревара од сезоната.