Connect with us

Фудбал

Рома испрати понуда за Бејли

Рома ова лето донесе многу засилувања.

Неколку навистина големи имиња пристигнаа на Олимпико, а со оглед дека преодниот рок трае до утре до 18 часот, раководството на римскиот тим сака да заврши уште една голема работа.

Денес, римскиот тим испрати официјална понуда за крилото на Баер Леверкузен, Леон Бејли, а понудата е 40 милиони евра.

Фармацевтите сакаат 10 милиони евра повеќе за 21-годишниот талентирани фудбалери од Јамајка. Сепак, се верува дека може да се постигне договор и Бејли утре би можел да стане нов член на Рома.

Преговорите се одвиваат долго време. Се на себе презел спортскиот директор Мончи кој екипата на Рома ја подигнува на многу повисоко ниво со работата која ја завршува.

Бејли играше 34 натпревари за Баер минатата сезона и постигна 12 гола со шест асистенции.