Connect with us

Фудбал

Роналдо постигна гол против Босна, а потоа се шокираше, кога слушна што довикуваат од трибините, само се насмеа (ВИДЕО)

Португалија во понеделникот вечерта ја понижи Босна и Херцеговина во Зеница со 5:0, а сите голови беа постигнати во првото полувреме. Јасно е дека Португалецот „закочи“ во продолжението, свесен дека победата е обезбедена бидејќи надмоќта беше видлива уште од првата минута, па навивачите на „змејовите“ во еден момент дури и се свртеа против нивната репрезентација.

Кога Роналдо ја доведе својата репрезентација во водство во 5. минута, а потоа славеше во негов карактеристичен стил – со скок и раширени раце – поголемиот дел од стадионот го извикуваше познатото „Сиуууу“. Дури и Португалецот беше изненаден што публиката го поддржа на тој начин, бидејќи вообичаено на гостувањата – особено во дресот на Португалија – се среќава со свирежи и пцовки од трибините.


Недолго потоа Роналдо постигна уште еден гол во 20. минута, а потоа на семафорот се запишаа Фернандез, Кансело и Феликс. Подоцна Роналдо доживеа непријатна ситуација кога навивач облечен во дресот на неговиот сегашен клуб Ал Наср истрча на теренот и дури го повреди.