Connect with us

Фудбал

Роналдо ургира за уште едно засилување во Јувентус, но некој мора да замине

Јувентус очигледно не завршил кога станува збор за трансферите во овој преоден рок.

Старата дама направи неколку големи трансфери, а најзвучен секако е оној на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

Наскоро од редовите на актуелниот шампион на Европа би можело да пристигне уште едно засилување. Бразилецот Марсело е новата желба на „Бјанконерите“, а преговорите ги посредува Кристијано Роналдо.

Роналдо и Марсело се големи пријатели. Тој би го видел во Торино и можно е на крајот, и одличниот лев бек да дојде во Торино.

Меѓутоа, неговото доаѓање ќе значи заминување на Алекс Сандро. „L’Equipe“ тврди дека за овој фудбалер ПСЖ подготвен е да издвои 50 милиони евра и дека тој е главна желба на тренерот Томас Тухел на позиција лев бек.

ПСЖ во наредните денови ќе се обидат да го завршат трансферот. Ако Сандро замине, Јуве ќе тргне по Марсело, а првата рунда од преговорите би можела да биде одржана овој викенд кога Јуве и Реал ќе го одиграат пријателскиот натпревар во САД.

Месец дена останаа до затварање на летниот преоден рок во повеќето европски лиги освен во Англија, каде трансферите можат да се завршат до 9 август.