Connect with us

Други спортови

Розберг го загрижува Мерцедес: Нешто се случува со Хамилтон!

Поранешниот Формула 1 шампион Нико Розберг и колега на Луис Хамилтон до пред некоја сезона во Мерцедес, стравува за „необичното однесување“ на телото на Британецот.

По вчерашниот нов пех на Луис Хамилтон во квалификациите кога имаше проблеми со својот менувач, мораше да се откаже и да се задоволи само со 14 позиција за денешната трка од 15 часот.

Екс возачот на Мерцедес смета дека во тимот и тоа како треба да внимаваат на говорот на телото кај Хамилтон.

„Ова е нешто за кое што и јас сум загрижен. Никогаш не сум го видел Луис Хамилтон досега ваков. Тој има некој чуден говор на телото. Тоа го видовме прв пат во Силверстоун претходниот ГП викенд, сега повторно, дури не ми се верува, се случува нешто. Ова е нешто ново во телото на Хамилтон, кое сигурно загрижува“, смета Нико Розберг.

Розберг неколку сезони се бореше за титулата со Луис Хамилтон, но подлоста на оваа екипа секогаш го фаворизираше Британецот, иако тие јавно не го промовираа како возач број 1, сепак се случи една сезона Нико да биде подобар од Луис и тоа сосема заслужено.