Фудбал
Сака доби дозвола да ги пропушти репрезентативните натпревари

Иако се чинеше дека репрезентацијата на Англија ќе ги игнорира пораките од Арсенал и ќе го вклучи Букаи Сака во тимот, во понеделникот вечерта пристигна информација дека младиот играч нема да игра за Англија во октомвриските квалификации за ЕП.
Букајо Сака пристигна во кампот на репрезентацијата во понеделникот, но се враќа дома по извршените дополнителни лекарски прегледи. Лекарите на репрезентацијата се согласија со оценката на лекарите на Арсенал дека Сака не е подготвен за настап.
Сака го пропушти натпреварот против Манчестер Сити во неделата, но на барање на тренерот се појави на репрезентативниот собир.
Лекарскиот тим на репрезентацијата констатира дека Сака се уште не може да му се стави на располагање на селекторот.
„Букајо Сака беше прегледан од лекарскиот тим на репрезентацијата и беше одлучено играчот да го продолжи закрепнувањето во клубот. Герет Саутгејт не планира да повика некого како замена“, велат од репрезентацијата на Англија.
Англија најпрвин ќе одигра пријателски натпревар со Австралија на 13 октомври, а потоа ќе се соочи со Италија на 17 октомври. Победа на овој меч веќе би и донела на Англија пласман на ЕП.