Connect with us

Фудбал

Сака надвор поради повреда

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака поради повреда ќе го пропушти натпреварот на репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство, објави вечерва Би-Би-Си.

ФА потврди дека Сака се повлекол по проценката на медицинскиот тим на Англија и дека нема да биде повикан дополнителен играч кој ќе го замени.

Сака поради повредата го пропушти и мечот на својот тим во Премиер лигата против Манчестер Сити, кој Арсенал го доби со 1:0 во неделата.

Англија ќе игра пријателски натпревар со Австралија на 13 октомври, пред да се соочи со Италија во квалификациите за Европското првенство четири дена подоцна.