Connect with us

Фудбал

Сакате да ја гледате Барселона на реконструираниот Камп Ноу, епа ќе платите дебело!

Барселона го реновира познатиот стадион Камп Ноу  и наскоро таму би требало да играат нејзините играчи. Се уште не е познат точниот датум, но познати се цените на билетите.

И тие се доста високи. Најевтините ќе чинат дури 260 евра, додека оние во централниот дел на стадионот ќе бидат 755, потврдија од Барселона.

Навивачите збеснаа кога ги видоа цените и многумина го критикуваа клубот на социјалните мрежи, особено што стадионот се ушт не е отворен, но се знае колку ќе чини место на стадионот.

Јасно е дека секое евро е важно за Барселона за да се консолидира финансиски дури и во ситуација кога веќе не може да смета на 90.000 навивачи. Сега првично ќе смета на 62.000 места.