Connect with us

Фудбал

Салах го престигна Анри и постави нов рекорд во Европа

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах влезе во историјата како најефикасен играч на англиски клуб во европските натпреварувања.

Јирген Клоп направи дури осум измени во однос на тимот, кој минатиот викенд славеше во градското дерби против Евертон (2:0), но и таков „шарен“ тим успеа да оствари убедлива победа над француски Тулуз во третата коло од Лигата на Европа.

„Црвените“ победија со 5:1 на „Енфилд“ , а последниот гол на натпреварот го постигна Мо Салах. Тој во игра влезе во 70. минута наместо Рајан Гравенберх и во 90+3. минута го постави конечниот резултат.

Тоа беше 43. гол за големиот Египќанец во европските натпреварувања, надминувајќи го легендарниот Французин Тиери Анри, кој своевремено постигна гол помалку во дресот на Арсенал.

Во 2023 година, Мо Салах одигра 38 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи 22 гола и додавајќи 14 асистенции. Статистичарите пресметале дека тој постигнувал гол или имал асистенција на секои 86 минути.