Connect with us

Фудбал

Само е прашање на време: Џеко на чекор до Интер!

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко се поблиску е до преминот во Интер од Милан. Рома досега беше многу тврда околу преговорите со заинтересираните купувачи, меѓикои беше и најупорниот – Интер.

За заминувањето римјаните бараа 20 милиони евра, но со оглед на тоа што Џеко има веќе 33 години тешко дека ќе ја добијаат таа сума, па најверојатно ќе мора да попуштат.

На Џеко му преостанува уште една година од договорот кој го потпиша со римјаните, но повеќе од сигурно е дека веќе нема да игра на „Олимпик“.

Се очекува до крајот на месец јуни работата да биде завршена.

Џеко има играно и за Манчестер Сити, Волфсбург и Железничар.