Кошарка
Сан Антонио подобар од Клиперс, Сакраменто и Далас ги прекинаа серијиите порази
Ноќеска на терените на НБА лигата беа одиграни 10 натпревари, а на шест победија домашните екипи. Кливленд го совлада Милвоки, а главен играч во триумфот беше Кевин Лав со 32 поена и 16 скокови. Кај Њу Орлеанс одличен натпревар одигра тандемот Дејвис – Казнс. Дејвис имаше 37 поени и 14 скокови, додека Казнс заврши со 32 поена и 13 скокови.
Сан Антонио со 15 погодени тројки од 28 обиди го совлада тимот на ЛА Лејкерс, додека Њујорк имаше серија од 18:4 во финишот за нова победа.
Сепак јунак на вечерта е Никола Јокиќ, кој постигна рекордни во кариерата 41 поен со 12 скока во триумфот на Денвер.
Дарио Шариќ имаше 25 поени и 10 скокови во гостинската победа на Филаделфија над Јута
Резултати:
Кливленд – Милвоки 124:119,
Индијана – Њу Орлеанс 112:117,
Вашингтон – Далас 99:113,
Њујорк – Шарлот 118:113,
Торонто – Чикаго 119:114,
Сан Антонио – ЛА Клиперс 120:107,
Денвер – Бруклин 112:104,
Јута – Филаделфија 97:104,
Портланд – Мемфис 97:98,
Сакраменто – Оклахома Сити 94:86.