Фудбал
Сасуоло донесе засилување од Барселона
Сасуоло пред крајот на трансфер периодот донесе засилувањата од Барселона.
Новиот член на овој тим стана бразилскиот дефанзивец Марлон Сантос, за кој Сасуоло на каталонскиот гигант му плати шест милиони евра.
Исто така, Барселона ќе добие 50 отсто од следната продажба, освен ако Марлон не игра 50 натпревари за клубот, а кога ќе истече оваа клаузула, Сасуоло ќе мора да плати дополнителни шест милиони евра на шпанскиот гигант.
Се зборува за 22-годишниот стопер што стана член на Барселона во летото 2017 година. Сепак, тој не доби шанса да игра и ја потрошил претходната сезона на позајмица во Ница.
Ова лето раководството на Барса одлучи да го продаде. На крајот, Марлон заврши во Сасуоло и сигурно ќе претставува засилување за овој тим.
Новата сезона на Сасуоло во Серија А започнува во недела, а за противник ќе го има Интер.