Тајмаут
Се чини дека славата му удри во глава, Алкараз има девојка, но по победата отишол да види друга, сега девојката од родното место не му е доволна (ФОТО)

Карлос Алкараз стана светска ѕвезда по победата на Вимблдон, па не е чудно што папараците го следат речиси секој негов чекор, а јавноста е заинтересирана за секој негов потег. Младиот тенисер особено го привлече вниманието на женската популација (како и на мажите), но за време на турнирот се дозна дека е зафатен.
Неговото срце го освои убавицата од неговиот роден град со која порасна, Марија Гонзалес Хименез, тенисерка и играчка која се декларира и како „најголемата навивачка“ на Алкараз.
Се чинеше дека покрај убавата Марија е среќен, но со новата слава работите очигледно се променија.
Имено, според странските медиуми, младиот тенисер почнал да „пука“ високо, верувајќи дека „може подобро од девојката од родниот град“, па наместо со неа да ја прослави победата на Вимблдон, тој славел со друга девојка.
Станува збор за 21-годишната Лола Мирандел, француска тенисерка и инфлуенсерка на која многумина и предвидуваат блескава кариера. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карлос и Лола се запознале преку Инстаграм, а како што изјавиле извори за магазинот Socialite, Карлос отпатувал за Ница откако го освоил Вимблдон поради неа.