Connect with us

Фудбал

Се е договорено, Конте ја добива „бомбата“ на летниот преоден рок

Сите германски медиуми објавија дека младиот фудбалер од Борусија Дортмунд Хакими, кој настапува како позајмен од Реал Мадрид, следното лето ќе го носи дресот на Интер. Наводно се е договорено, а италијанскиот клуб за десниот бек ќе плати 45 милиони евра на Реал Мадрид. Тој имаше две одлични сезони во Борусија Дортмунд, но сепак нема да се врати во Реал Мадрид, бидејќи смета дека таму не може да обезбеди стандардно место во првиот тим.

Германските медиуми велат дека попладнево Хакими ќе го одигра мечот против Хофенхајм, а потоа патува во Милано за дефинирање на трансферот. Фудбалерот се согласил на плата од 5 милиони плус бонуси.