Connect with us

Ракомет

Се повреди левиот бек на Австрија – ова носи олеснителни околности за Македонија

За време на вчерашниот тренинг пред натпреварот на Европското првенство во ракомет, со тешка повреда се здоби левиот бек на Австрија.

Ова носи олеснителни околноси за нашата ракометна репрезентација. На местото на повредениот Херман, Австријците го повикаа Даниел Дикер. Дикер е играч на Грац кој има само пет настапи за националниот тим.

Австрија е во група со Македонија, а мечот ќе биде во рамките од третото коло од групната фаза.