Фудбал
Се редат рекордите на „вундеркиндот“ на Барса, синоќа соборен уште еден!

Ламин Џамал, веројатно најдобриот млад фудбалер на планетата во моментов, реди рекорид.
Џамал е една од главните теми на фудбалската јавност во последните месеци, откако почна да добива шанса во првиот тим на Барселона, а синоќа испиша уште една страница од историјата.
Тој ја погоди мрежата на Гранада при ремито 2:2 и стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската Ла Лига.
Тоа го направи на 16 години и 87 дена.
Џамал намали на 2:1, актуелниот шампион на Шпанија подоцна избегна пораз во Гранада, но ремито против претпоследниот тим на табелата е сериозен кикс за Каталонците кои по девет кола имаат 21 бод, три помалку од лидер Реал и еден помалку од Жирона.
Четвртопласираниот Атлетико Мадрид има 19 бодови, но и натпревар помалку.
Досега рекордот го држеше поранешната голема надеж на Малага, Фабрис Олинга. Во 2012 година постигна гол на 16 години и 98 дена.
Џамал неодамна го продолжи договорот со Барселона до 2026 година, со откупна клаузула од 1 милијарда евра.