Фудбал
Се рушат рекорди – Реал испрати понуда за Азар
Навивачите на Реал Мадрид се уште го чекаат звучното засилување на „Сантијаго Бернабеу“ откако клубот го напушти Кристијано Роналдо.
Кралскиот клуб после девет сезони остана без Роналдо кој беше најдобриот играч во овој тим и навивачите очекуваат големо засилување и играч кој ќе успее да го замени Роналдо. Во последно време најмногу се шпекулираше за тоа дека Реал го сака Еден Азар, но проблем прави Челзи кој не сака да остане без најдобар играч во тимот.
Иако беше кажано дека од овој трансфер нема да биде ништо затоа што од Челзи порачаа дека Азар останува, работите повторно се искомплицираа. Англиските медиуми наведуваат дека Флорентино Перез подготвил нова понуда за Азар и дека е подготвен на се замо да го доведе Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што пишува „Mirror“ на адресата на Челзи денеска би требало да пристигне нова понуда за Азар од неверојатни 224 милиони евра, што е скоро за 100 милиони повеќе во однос на претходната понуда. Доколку „Плавите“ ја прифатат понудата, Азар ќе стане најскапиот играч на сите времиња и ќе го сруши рекордот на Нејмар за кој ПСЖ плати 222 милиони евра.