Connect with us

Фудбал

Се скараа ѕвездите во ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион Пари сен Жермен има извонреден старт во Лига 1 со максимални шест победи, но во тимот не е се идеално како што покажуваат резултатите. На синоќешниот дуел против Олимпик Лион (2:0) во таборот на ПСЖ се појавија првите несогласувања меѓу скапо платените ѕвезди.

Во главна улога беше „староседелецот“ Едисон Кавани кој влезе во вербален дуел со најскапиот светски фудбалер Нејмар. Расправијата кој да го изведе пеналот заврши во корист на Кавани, но остави последици, бидејќи неговиот удар од белата точка гостинскиот голман го одбрани.

Тренерот Унаи Емери им порача на двајцата кои учествуваа во расправијата, во иднина џентлеменски да се договорат кој од нив ќе ги шутира пеналите.