Connect with us

Други спортови

Серена Вилијамс со солиден старт на сезоната

За пласман во четвртфиналето, Вилијамс ќе се сретне со нејзината сонародничка Кристина МекХејл.

Шампионката од 2015 година ја совлада Камила Џорџи (Италија) со 6: 3, 6: 2 во својот прв сингл натпревар, по поразот од Канаѓанката Бјанка Андреску во финалето на УС Опен во септември минатата година. 38-годишната Американка не дозволи брејк и го контролираше натпреварот, кој траеше 68 минути.

Првата носителка, Серина Вилијамс (САД) се квалификуваше во второто коло на тенискиот турнир во Оукланд (Нов Зеланд) со награден фонд од 275.000 американски долари.