Фудбал
Сестрата на Роналдо се вклучи во хајката против Меси и Златната топка: Заслужено, а не подарено!

Катја Авеиро, сестрата на легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо, ја поддржа објавата дека нејзиниот брат ги заработил сите негови достигнувања на фудбалскиот терен. Ловот по Лионел Меси трае откако во понеделникот ја освои својата осма Златна топка.
Cristiano’s sister Katia replied to this post:
“Earned, not given” 👏 pic.twitter.com/ODaklsDlkA
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) November 2, 2023
Многумина се на мислење дека еден месец врвен фудбал на Мундијалот не треба да биде доволен за освојување на Златната топка, но сепак Аргентинецот ја освои осмата награда, што е три повеќе од вториот на таа листа. Вториот е Кристијано Роналдо, кој има пет во колекцијата, но кој ја нема освоено Златната топка од 2017 година.
Се чини дека сестрата на Роналдо, Катија Авеиро е на мислење дека Меси не ги заслужил сите негови признанија. Таа тоа го покажа коментирајќи на објава во која се слават достигнувањата на Роналдо.
Катија употреби емотикони од аплауз за да ги поддржи зборовите дека Роналдо ги заслужил своите најголеми почести и дека не му било дадено ништо. Заработено, а не надарено“, стои во текстот покрај фотографијата на која Роналдо позира со Златната топка и уште неколку достигнувања во светот на фудбалот.