Connect with us

Фудбал

Севиља го отпушти тренерот

Хозе Луис Мендилибар повеќе не е тренер на Севиља.

Раководството на клубот донесе одлука да му се заблагодари за соработката по ремито 2:2 против Рахо Ваљекан во деветтото коло од Примера.

Севиља е во лоша форма во моментов. Таа ја започна сезоната со четири порази, пет нерешени и само две победи, што доведе до отказ на Мендилибар.

Тој оваа година седна на клупата на Севиља, а пред само пет месеци го предводеше клубот до пехарот во Лига Европа. Но, ниту тоа што преку ова натпреварување обезбеди учество во Лигата на шампионите за тимот од Андалузија не му помогна во иднина да ја води Севиља.