Connect with us

Фудбал

Севиља избра нов тренер, ова е нов почеток!

Фудбалскиот клуб Севиља одлучи нов тренер на првиот тим да биде – Диего Алонсо.

Малку познато име во европскиот фудбал, бидејќи до неодамна беше селектор на Уругвај.

Тој го замени легендарниот Оскар Табарез во декември 2021 година, но поднесе оставка една година подоцна, откако не успеа да го одведе Уругвај во осминафиналето на Светското првенство.

Диего Алонсо пред Уругвај беше тренер на Интер Мајами, како и Монтереј, Пачука каде што се задржа најдолго (2014-2018), а ги водеше и Пењарол, Гуарани, Бела Виста, па очигледно е дека знаењето и искуството го стекна само на американскиот континент.

Останува да се види дали на 48-годишниот Уругваец ќе му биде потребна шок-терапија, исто како што му требаше на Хозе Луис Мендилибар кога го замени Хорхе Сампаоли во март и го подигна трофејот во Лига Европа.