Connect with us

Други спортови

Шифрин победи на слаломот во Леви

Американката Микаела Шифрин триумфираше убедливо на слаломската трка од светскиот куп во алпско скијање која се одржа во финскиот зимски центар Леви.

Шифрин победи со огромни 1,78 секунди подобро вкупно време од Венди Холденер, додека трета е Катарина Трупе со 1,94 секунди заостанување. Трагичар на трката е Петра Влахова која водеше по првото возење со 13 стотинки пред Шифрин, но падна и не стигна до целта.

За Шифрин, ова е четврта победа во Леви, 41-ва победа во кариерата во слалом, и победа број 61 во светскиот куп.