Connect with us

Фудбал

Симеоне: Имаме свој стил и нема да го менуваме токму поради четирите постигнати голови

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне беше пресреќен по победата над Реал Мадрид во Суперкупот на Европа (4:2), па кажа дека покрај четирите постигнати голови неговиот тим нема да го менува стилот на играта и дека треба дополнително да се подобрат.

Атлетико во првата минута дојде во водство, а потоа Реал Мадрид го сврти резултатот во своја корист, но вториот гол на Диего Коста го однесе натпреварот во продолженија. Тука, многу подобро изиграа фудбалерите на Атлетико Мадрид, постигнаа два гола и го освоиа Суперкупот на Европа.

Симеоне го истакна квалитетот на Реал Мадрид во меѓународните финалиња, а поради тоа победата на неговата екипа добива на важност, но рече дека мора уште да се подобрат за да ја започнат Ла Лига на што подобар начин.

„Мислам дека Реал Мадрид не загуби меѓународно финале од 2000. година, додека ние во разни финалиња имавме различни резултати. Сепак го освоивме Кралскиот Куп, сега исто така победивме, но мора уште да се подобриме за да ја започнеме Ла Лига на најдобар можен начин“, кажа Симеоне.

Симеоне исто така рече дека неговиот тим цврсто останува при својот стил на игра и дека поради четирите постигнати гола нема да го промени начин от на кој играат.

„Измените беа добри, ни донесоа додатна снага, а после погодокот за изедначување тимот само се подигнуваше. Имаме одличен состав и потребни ни се сите играчи. Мислам дека со Реал имаме играно две домашни и три меѓународни финалиња, не ги совладавме во Лигата на шампионите, но имаме свој стил на игра и нема да го менуваме токму поради победата во која постигнавме четири гола. Че играме на истиот начин како и секогаш“ истакна Симеоне.

Првиот натпревар во Ла Лига, Атлетико Мадрид го игра во понеделник кога му гостува на Валенсија.