Connect with us

Фудбал

Скандал во Бугарија – Полицијата ги „чешла“ просториите на фудбалскиот сојуз

„Станува збор за криминал против спортот. Зборуваме за корупциски прекршоци, поврзани со работата на судиската комисија на Бугарскиот фудбалски Сојуз и поставување судии на фудбалски натпревари. Истрагата е во тек и рано е да се откри дали ќе има уапсени лица“, откриваат бугарските медиуми.

Се претпоставува дека постојат неправилности во работата на фудбалскиот сојуз, како и корупција, па поради тоа полицијата работи на расветлување на случајот.