Connect with us

Фудбал

Скандал во Манчестер Јунајтед во пресрет на мечот со Челзи!

Манчестер јунајтед и оваа сезона не игра добро, резултатите не се одлични, додека има и проблеми во соблекувалната кои ја нарушуваат атмосферата, па оттука и големата нервоза кај целиот клуб и тренерот Ерик тен Хаг.

Ова особено се почувствува откако бројни англиски медиуми објавија дека на Тен Хаг му се „тресе клупата“, а после тоа Јунајтед не го демантираше ова ниту поддржа својот тренер – туку почна пресметка со медиумите!?

„Дејли мејл“ пренесува дека на неколку новинари кои го следат Манчестер Јунајтед им е забрането да присуствуваат на следната прес-конференција на Ерик тен Хаг, што е своевиден преседан во Англија. Во прашање се водечките известувачи на четири медиуми („Скај спорт“, „Мирор“, „ЕСПН“ и „МЕН“) кои денеска нема да можат да му поставуваат прашања на Холанѓанецот во пресрет на мечот со Челзи на „Олд Трафорд“  утре (среда, 21.15).