Connect with us

Ракомет

Со Вардар двапати ја освои ЛШ и – се пензионираше!

Дали знаете која е разликата меѓу Владо Недановски и Микел Хансен?
– Владо Недановски има две шампионски титули од ЛШ. Микел Хансен нема ниту една.
Ова можевме во различни варијанти во зависност од креативноста на авторите да го прочитаме повеќе пати по триумфот на Вардар во Келн.
Но, шегата на страна, Владо Недановски по 17 години кариера од која 15 години ги мина во Вардар, реши да заврши со играње ракомет.

„Да, 99 насто нема да продолжам да играм. Не гледам ни некој смисол по ова со Вардар да менувам средина и да играм во некој друг клуб уште колку? Една година, две? Не знам дали би можел да се натерам да трчам“, вели Недановски.

„Овде минав 15 години, понатаму? Можеби тренерски води, во млади категории. Можеби тоа, можеби нешто друго, не знам, имам 34 години, не сум ниту престар, но по Вардар сигурно нема да играм за друг клуб“, вели левото крило.

Вардар на местото на Недановски следната сезона ќе го има македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски.

АКО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ…
Машката репрезентација на Македонија во 2008 година беше една сосема поинаква приказна од сега. Девет години по ред немавме настап на СП или ЕП, а и во тие квалификации, за СП Хрватска, не ни цветаа рози. Претквалификациите беа проблем, а верувале или не, приказната се прекрши на гостување во Варна.
Таму Македонија отиде без неколку ракометари, некои не можеа, некои не сакаа да играат… Победа ни беше неопходна за да се пласираме во бараж.
Но, Бугарија предводена од Веселин Чакмаков (10 гола) водеше два гола разлика и имаше напад во финишот на првиот дел. Не погодија ние намаливме на минус еден на полувреме.
Потоа во вториот дел направивме пресврт. Творец на пресвртот со три гола по ред беше – Владо Недановски.
Победивме 33-30, потоа во Португалија загубивме со 5 гола (дома победивме со 6) и во баражот за СП, во новата сала „Борис Трајковски“ дојде Исланд.
Победивме 34-26, се понатаму е историја.

Извор: g-sport.mk