Кошарка
Соколи со сила за едно полувреме во Нижни Новгород
Карпош Соколи го забележа петтиот пораз во петтиот натпревар од ФИБА Еврокупот кога со само едно солидно полувреме на руското гостување кај Нижни Новгород резултатот на крајот беше 95:70 за домашниот тим.
Без Мекфејден и Делиќ во тимот, Карпош имаше одличен старт на мечот добивајќи ја првата четвртина со 22:19 и заостанувајќи само еден поен на полувремето (47:46), меѓутоа поголемиот избор на играчи на домаќинот се почувствува во второто полувреме за нов пораз во евронастапите за македонскиот вицешампион.
За тимот на Ангел Тасевски најефикасен беше Драган Лабовиќ со 23 поени, Чомагиќ имаше 18, а Соколов заврши на 11. За домаќините, Александер Захаров уфрли 30 поени и имаше 11 скока.