Connect with us

Кошарка

Соколов: Партизан има слаби точки кои треба да ги искористиме

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, попладнево гостува во Белград кај Партизан во меч од 12.коло на регионалната АБА лига. Во ситуација во која двете екипи се во лоша резултатска низа, а со нови тренери на клупите, шансите за победа и се подеднакви, особено ако се земе и в предвид победата на МЗТ во првиот дуел одигран на стартот на сезоната во Скопје.

Немавме среќа да победиме против Морнар, но покажавме голема желба и позитивна енергија кои ако ги повториме во Белград сигурно ќе дојдеме до можност да го изненадиме противникот. Партизан е тим кој секога мора да се респектира, но кој има слаби точки кои ќе пробаме да ги искористиме. Добро трениравме деновиве и ако се држиме до планот во соблекувална верувам дека ќе одиграме добар натпревар, изјави Дарко Соколов.