Connect with us

Фудбал

Сопругата и синот го убедиле Кроос да не ја напушта репрезентацијата

Германскиот фудбалер од средниот ред, Тони Крос, рече дека семејството го убедило да остане во репрезентацијата по неуспехот на Светското првенство 2018 година.

Светскиот шампион од 2014 година, на годинашниот Мундијал во Русија не ја помина групата и ја разочара нацијата која очекуваше одбрана на трофејот.

– Бев многу загрижен за мојата иднина и разгледував различни опции. Но, мојата сопруга ми рече: „Сега не можеш да се откажеш“.

Мојот син, исто така, сакаше да продолжам и не можев да кажам не. Сега мојата цел е Евро 2020. Мораме да успееме, вели Крос во изјавата за „Билд“.