Connect with us

Други спортови

СП кошарка: Шпанија се намачи со Австралија за финалето

Шпанските кошаркари ќе играат во финалето на Светското првенство откако во поетокот во полуфиналето во Пекинг по две продолженија ја совладаа Австралија со 95:88 (22:21, 10:16, 19:18, 20:16; 9:9, 15:8), а во второто полуфинале од 14 часот се среќаваат Франција и Аргентина.

Австралијците во своето прво полуфинале на „мундобаскетот“ во историјата одиграа многу добро, беа во водство во поголемиот дел од мечот, но во завршницата од регуларниот дел и во првото продолжение на искористија напади за победа. Шпанците по првата четвртина првпат поведпа дури на девет секунди пред крајот, а мечот го добија благодарејќи на искуството и фактот што промашија само едно слободно фрлање. За Шпанците ова е втора медала на светските првенства, а во 2014 година беа прваци.

Кај Шпанците одличен беше Марк Гасол со 33 коша, од кои три „тројки“ и 6 скокови, Рики Рубио додаде 19 поени, 12 асистенции и 7 скокови, а Серхио Љуљ постигна 17 коша од кои четири „тројки“. Австралијците ги предводеше Пети Милс со 34 поени, од кои четири „тројки“, но и 7 загубени топки, а меч на кариерата одигра играчот на Перт, Ник Кеј со 16 коша и 11 скокови, додека ветеранот Ендрју Богут додад 12 коша и 9 скокови.

Австралија подобро го отвори дуелот но по првата четвртина имаа дефиците од еден поен, а втората ја добија со 16:10 и на полувремето заминаа со пет поени предност (37:32). Во 26 минута предноста на Австралија стана двоцифрена (50:39), а во последната четврина влегоа со само четири коша предност.

На три и пол минути пред крајот Љуљ ги доведе Шпанците на минимално заостанување 65:67, но Милс од три слободни фрлања ја зголеми предноста на 70:65, а Рубиo и Гасол на минута и пол до крајот намалуваат на 69:70. Љуљ потоа промаши удар за „тројка“, а на другата страна Милс ја загуби топката на 28 секунди до крајот. Во последниот шпански напад Љуљ не постигна кош, а Богут го фаулираше Гасол, кој девет сегинди пред крајот ги погоди двете слободни фрлања за водство на Шпанија 71:70. Клавер на пет секунди до крајот го фаулираше Милс кој погоди само едно слободно фрлање, а шутот на Рубио од својата половина на игралиштето заврши во обрачот по што мечот отиде во продолжување.

И во дополнителниот период се одигруваше драма, на 15 секунди пред крајот на првото продолжение Австралија имаше напад во кој Гасол го фаулирапе Мислс, а играчот од НБА лигата ги погоди двете слободни фрлања за водство на неговата селекција од 80:78. Пет секунди пред крајот Гасол е на линијата за слободни фрлања на спротивната страна и повторно е непогрешлив за израмнување 80:80, а во последниот напад Делаведова промаши шут за австралиска победа. Во второто продолжени со двете „тројки“ на Љуљ, Шпанците направија серија од 8:0, што заморените Австралијци повеќе не можеа да го стасаат.

Извор: Нетпрес