Connect with us

Други спортови

СП кошарка: Тежок пораз на Бразил, Австралија во четвртфиналето

Бразилската кошаркаска репрезентација, којашто ја предводи хрватскиот тренер Алескандар Петровиќ, во својот четврти натпревар на Светското првенство во Кина го претрпи првиот пораз откако во првото коло од Групата К беше совладана убедливо од Чешка со 71:93 (16:20, 16:25, 14:20, 25:28) во Шензен и се доведе во многу тешка позиција.

Со победата над Чешка, Бразилците можеа да си обезбедат пласман во четвртфиналето на шампионатотот, на коло пред крајот од натпреварувањето по групите, но одиграа многу лошо во дуелот во кој влегоа како фаворити. Чесите ја преземаа контролата над резултатот од самиот почеток на мечот, и нивната предност се зголемуваше од минута в минута за да достигне 15 поени пред крајот на првото полувреме. И по паузата за полувремето, Бразил не кожеше да се спротистави на одличната игра на Чесите, особено во нападот, кои многу брзо дојдоа и до предност од 20 поен (54:34), а пред крајот на мечот во еден момент да отидат и на „плус 29“ (85:56).

Томаш Саторански одигра одличен натпревар со 20 коша, 7 скокови и 9 асистенции, а солиден беше и Ондреј Балвин со 14 поени и 11 скокови кај Чешка, додека ја Бразил најефикасни беа Бените со 12 и Барбоса и Хуертас со по 11 поени.

И Чешка и Бразил сега имаат по три победи и пораз, а во групата се уште и САД со три победи и Грција која има две победи и пораз пред нивниот меѓусебен дуел во 14,30 часот. Бидејќи во последното коло се среќаваат Бразил – САД и Чешка – Грција, на Бразил за пласман во четвртфиналето најверојатно ќе му биде неопходна победа против САД.

Пласман во четврфиналето во саботата со четвртата победа во исто толку натпревари си обезбеди Австралија, која во Групата Л во Манџинг ја совлада Домениканската Република со 82:76 (24:19, 16:19, 17:14, 25:24). Доминиканците имаа резултатски приклучок во поголемиот дел од мечот, но Австралијците на средината од последната четвртина сепак се „одлепија“ на 80:69 и до крајот рутинерски ја задржаа предноста.

Пети Милс со 19 коша и 9 асистенции беше најдобар кај Австралија за која Крис Гулдинг додаде 15 поени, додека Елој Варгас со 16 и Виктор Лиз со 14 коша беа најефикасните во редовите на Домениканска Република.

Од 14 часот во оваа група играат Франција и Литванија. Австралија е водство со четири победи, Франција има три со меч помалку, Литванија има две победи и пораз, а Домениканската Република има две победи и исто толку порази.

Извор: Нетпрес