Connect with us

Фудбал

Спалети: Исто како и вие, и јас го сонувам Модриќ во Интер

Тренерот на Инатер Лучијано Спалети свесен е дека не е исклучена можноста Лука Модриќ да дојде во Интер.

Интер вчера со 1:0 го победи Лион со голот на Мартинез во натпреварот од Интарнационалиот Куп на Шампионите, а по натпреварот го запрашаа Спалети што мисли за можниот трансфер на Лука Модриќ од Реал Мадрид во Интер.

„Го сонувам тоа, како и сите навивачи на Интер, би бил основа за секоја екипа па така и за нас. Клубот прави се што е во негова моќ за да го донесе. Ако го купиме и Меси, тој со одушевување би прифатил“, изјавил Спалети.

Интер после долго време ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите, а доколку дојде Модриќ, кој наводно е подготвен за нови предизвици и неговите менаџери во Милано работат на трансферот, тогаш ова би било лето од соништата за навивачите на Интер.

Но, јасно е дека Модриќ е еден од клучните играчи на Реал Мадрид и ако клубот го продаде и него како и Роналдо, прашање е како сето тоа ќе успеат да го надоместат, а време за трансфери има се помалку.