Ракомет
Спорот на Словенија со Германија ќе стигне дури до Лозана
Спорот кој се случи на самиот крај од натпреварот помеѓу Словенија и Германија најверојатно ќе стигне до арбитражниот суд за спорт во Лознана.
На самиот крај од натпреварот Словенија со помош на ВАР технологијата беше утврдено дена направила прекршок, па по досуден пенал за Германија и постигнување на гол, Словенија го загуби натпреварот. Изреволтирано влезе на теренот и првиот човек на репрезентацијата, но тоа не беше доволно да ги премисли судиите.
На Словенија им останува уште еден натпревар против Црна Гора, откако првиот го загуби од Македонија, но според шпекулациите голема е веројатноста Словенија предвреме да го напушти европското натпреварување.