Connect with us

Ракомет

Србија на нови маки – По Милосављев останаа без уште еден голман за ЕП

Нови проблеми за ракометната репрезентација на Србија. Селекторот Ненад Перуничиќ нема да може да смета на својот прв голман Дејан Милосављев, но пред неколку дена се повреди и мораше да замине на операција.

Поради истата причина од ростерот на Перуничиќ отпадна и Тодор Јандриќ, кој исто така одигра одлична полусезона во дресот на Металопластика.

Ракометната репрезентација на Србија се најде меѓу учесниците на претстојното Европско првенство кое се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.