Connect with us

Ракомет

Србија славеше против Исланд, за пласман во следната фаза се моли на Шведска

Српските ракометари денеска славеа против селекцијата на Исланд со 29:26 во последното коло од групната фаза од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска.

Со оваа победа Србија има 2 поени, исто колку и Исланд и Шведска, а за пласман во втората фаза, тие се надеваат на победа на Швеѓаните против Хрватска вечерва.

Во групата Б, Франција со 32:25 ја совлада Белорусија за максимални три победи во првата фаза.