Connect with us

Фудбал

Србија спреми 285 милиони евра за стадиони!

Државата инвестира во стадионите…

Српскиот фудбалска репрезентација ќе добие Национален стадион во Остужници, кој ќе има капацитет од 60.000 места и ќе биде најголем во Србија.

Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ новиот стадион ќе чини меѓу 200.000.000 – 250.000.000 евра и ќе биде еден од најубавите во Европа. На овој стадион ќе може да се одрже финалето од Лигата на шампионите и Лига Европа.

“Изградбата ќе чини најмалку 200, ако не и 250 милиони евра. Нашиот тим ќе има услови за играње и тренирање, а гледачите да уживаат. Ќе можеме да ги организираме натпреварите од Лигата на Европа и Лигата на шампионите “, рече Александар Вучиќ.

Тој истакна дека стадионите на Црвената Ѕвезда, Партизан, Војводина и Раднички ќе бидат реконструирани. Државата заштеди дополнителни 35.000.000 евра за овој проект.

“Имаме подготвени 35 милиони евра за инвестирање на стадионот на Црвена Ѕвезда, Партизан, Нови Сад и Ниш. Меѓутоа, проблемот е што имаме пари да им ги дадеме, но тие немаат проекти и ги чекаме “, додаде Вучиќ.