Connect with us

Фудбал

Стигна наредбата од Катар, лоши вести за Леонардо, ПСЖ нема пари!?

По сензационалното лето во кое беа вложени 400 милиони во Нејмар и Мбапе, ПСЖ го намали трошењето. Сепак, се чини дека следува нова реконструкција. Спортскиот директор Леонардо донел одлука да не им се продолжат договорите на Тијаго Силва, Кавани, Муние, кој како слободни играчи ќе заминат по завршувањето на сезоната.

Купен е Икарди, Нејмар и Мбапе остануваат, а се чини дека и Курзава ќе „преживее“.

Од Катар стигна налог да се донесат играчи, но нема да се троши многу, пред се ќе се оди на варијанта слободни играчи, или млади.  Па, првото име е Алекс Телеш, кој игра на десната бековска позиција. Целта е и Камавинга од Рен, но тешко е дека овој тим ќе се раздели со него за мали пари.

Доколку дојде Телеш, а заедно со Икарди, тогаш се потрошени 100 милиони евра. Па, така Леонардо ќе мора да продава за да купува. Дрекслер и Паредес се први, од чија заработка се планирани 50 милиони евра. Но, ПСЖ како што е познато ќе се ослободи и од искусните Кавани и Тијаго Силва кои имаат високи плати.

Останува да се види како ќе изгледа ПСЖ следната сезона во услови кога не планираат да трошат многу пари.