Ракомет
Стоилов успешно опериран
Македонскиот ракометар и играч на Вардар Стојанче Стоилов, по враќањето од синоќешниот меч против селекцијата на Турција, замина на операција.
Капитенот на „црвено-црните“ ја пролонгираше операцијата за неколку дена, пред се за да му биде на располагање на селекторот Данило Брестовац за мечот со Турција.
Тој е успешно опериран и сега му претстои период на заздравување од повредите, па враќање на терените.
По вчерашната победа и обезбеденото место на ЕП 2020, Македонија на 16-ти ќе игра квалификациски меч против Грција, во Струмица, каде ќе можеме да им се реваншираме на соседите за поразот во Кожани пред неколку месеци.