Connect with us

Ракомет

Стојанче Стоилов во топ 10 спортисти на Балканот

Ракометарот на Вардар и на македонската ракометна репрезентација Стојанче Стоилов е во најдобрите десет спортисти на Балканот на изборот на националните новински агенции од регионот.

Прв на листата се наоѓа бугарскиот тенисер Григор Димитров, со 62 поени. После него следува романската тенисерка Симона Халеп со 60, додека на третото место е турскиот спринтер Рамил Гулиев со 49 поени.

Топ 10 спортисти во 45. избор спроведен од Бугарската новинска агенција (БТА) за 2017 година:

1. Григор Димитров (Бугарија) – 62 поени
2. Симона Халеп (Романија) – 60
3. Рамил Гулиев (Турција) а- 49
4. Катарина Стефаниди (Грција) – 48
5. Сандра Перковиќ (Хрватска) – 46
6. Лука Модриќ (Хрватска) – 31
7. Елефтеирос Петроуниас (Грција) – 21
8. Богдан Богдановиќ (Србија) – 19
9. Тијана Бошковиќ (Србија) – 17
10. Стојанче Стоилов (Македонија) – 16.