Connect with us

Кошарка

Страшна повреда на Стеф Кари: Денес ќе се знаат резултатите од МР снимката и времето на пауза

Стеф Кари беше предводникот на Голден Стејт во победата против Њу Орлеанс од 115:125, постигнувајќи 31 поен, но, натпреварот го заврши предвреме поради повредата на зглобот на десната нога.

Тој во борбата да украде топка, лошо доскокна на десната нога, по што му се изврти зглобот, по што мораше да го напушти теренот и итно да замине на снимање. Резултатите од снимките на рентген беа негативни, по што за денес е предвидено да се подложи на снимка на магнетна резонанца по што, ќе се постави конечната дијагноза и времето кое ќе мора да го паузира.