Connect with us

Фудбал

Стриниќ привремено ја прекинува кариерата поради проблеми со срцето

Иван Стриниќ го засили Милан ова лето, но има сериозни проблеми со срцето.

Милан на официјалната веб-страница објави дека Стриниќ има проблеми со срцето и дека поради тоа привремено ќе ја прекине кариерата.

За време на неговиот медицински преглед во Милано, му била дијагностицирана хипертензија на срцевиот мускул и не може да игра додека не се извршат понатамошни испитувања.

Хипертензија, или зголемување на срцевиот мускул, може да предизвика ненадејна смрт кај спортистите. Инаку, Стриниќ освои сребро со Хрватска во Русија, а потоа и од Сампдорија како слободен играч го засили Милан.

“Нема причина да се грижите, навистина ништо не се случува. Ќе се одморам десет дена, ќе ги повторам испитувањата, но лекарите веруваат дека за еден месец би требало да бидам подготвен да играм”, рече Стриниќ