Фудбал
Суарез на крајот на годината потпишува за Интер Мајами
Уругвајски „Ел Паис“ тврди дека легендарниот Луис Суарез на крајот на годината ќе стане нов играч на Интер Мајами, а во МЛС клубот треба да му се приклучи на Лео Меси, неговиот поранешен соиграч со кој ги освои сите можни трофеи на клупски план во Барселона.
Суарез на 37 години игра одлично во дресот на бразилски Гремио. На 46 настапи постигна 19 и намести 16 гола, а под негово водство клубот кој минатата сезона се пласираше од пониско ниво се искачи на врвот во бразилската Серија А и моментално е на третото место на седум кола до крајот и шест бода зад лидерот Ботафого.
Договорот на уругвајскиот напаѓач истекува на крајот од сезоната и од поодамна е познато дека заминува од Гремио, а некои дури шпекулираа и за можно пензионирање. Сепак, покрај „Ел Паис“, тврдења за заминување на Флорида објавија и голем број европски медиуми и се чини дека Суарез повторно ќе игра со Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Во претпоследното коло од шампионатот стигна до неверојатен јубилеј. Тој во моментов има 550 гола и 302 асистенции во својата приказна за кариера. Суарез важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. На клупски план освои се, а од 2010 до 2019 година е единствениот фудбалер кој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо во борбата за Златната копачка, а тоа го направи два пати.
Во својата кариера најпрвин играше за Национал и Гронинген пред да биде префрлен во Ајакс (111 гола, 68 асистенции на 159 натпревари), а потоа во Ливерпул (83 гола, 46 асистенции на 133 натпревари), каде што помина три години.
За Барселона играше шест години (195 гола, 113 асистенции на 283 натпревари), а во Шпанија играше уште и за Атлетико Мадрид. Во кариерата богата со трофеи, пет пати беше шпански првак, а еднаш ја освои Лигата на шампионите.
По Мундијалот во Катар се врати во родниот Национал од Монтевидео и им помогна до шампионската титула, а потоа се смести во Гремио. За Уругвај постигна 68 гола и е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата со која ја освои Копа Америка во 2011 година.