Connect with us

Фудбал

Суарез најблиску до Валенсија

Шпанскиот играч од средниот ред Денис Суарес повеќе нема да биде дел од лондонскиот Арсенал, тврдат британските медиуми.

Суарес, кој во јануари како позајмен играч со право на да биде купен, дојде од редовите на Барселона, ќе се врати во Ла Лига.

Шпанскиот репрезентативец забележа само 95 минути на шесте натпревари кои ги одигра во англиската Премиер лига и во Лига Европа.

Сепак, иако ќе се врати во Барселона, по се изгледа 25-годишниот Суарес нема да остане долго на „Камп Ноу“, откако Валенсија покажа интерес за едногодишно позајмување со право на негово купување за 10 милиони евра.