Connect with us

Фудбал

„Судењето беше тенденциозно“, велат од Шкендија по натпреварот со Вардар

По денешниот натпревар меѓу Вардар и Шкендија, се огласи македонскиот шампион од каде реагираат дека денешното судење било тенденциозно.

„ФК Шкендија преку ова соопштение сака да потенцира за одредени неправилности кои се случуваа на мечот меѓу Вардар и Шкендија и ќе бидат испратени и до раководните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија. Реакцијата нема врска со расизмот и национализмот, кои постојано се изразени на мечевите против Вардар на нивниот терен, а не се соодветно казнети од организаторот на натпреварувањето“, се вели во соопштението.