Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Супер Марио повторно на Сан Сиро? Милан со објавата на Твитер ги збуни навивачите

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се уште е член на Ница, во кој пристигна пред две години, но се надева дека ќе го промени својот клуб ова лето.

Долго време се вели дека Балотели сака да ја напушти Ница и да се врати на Апенините, а на крајот од минатата сезона дури и се извини на навивачите на овој клуб. Сепак, за него, вистинската понуда сеуште не пристигна, но јасно е дека Балотели нема мотив за новата сезона во Ница.

Тренерот Патрик Виера вчера потврди дека Балотели сака да оди и дека е најдобро да се направи тоа до крајот на овој трансфер период. Италијанските медиуми утрово шпекулираат дека Супер Марио може да се врати во Милан и, наводно веќе е во контакт.

„Пожарот“ беше “запален” од страна на Милан, кој му го честиташе роденденот ова утро на неговиот поранешен напаѓач. Фановите на Росонерите немаат ништо против гледањето на Супер Мери во дресот на нивниот клуб.