Connect with us

Фудбал

Супердерби на стартот на Првата лига: Бомбата на Попов спаси бод за Вардар во Тетово!

Двата најдобри македонски клубови во послендите четири години, Шкендија и Вардар одиграа супердерби со четири гола по кое на стартот на новата сезона во Првата лига, двата црвено-црни табори освоија по еден бод со ремито 2-2, кое го одбележаа три мајстории на фудбалерите на двата тима, пишува Sport1.mk

Капитенот на Вардар, Горан Попов го спаси најтрофејниот макеоднски клуб од пораз со бомбата во 84 минута од мечот, кога Шкендија веќе имаше предност од 2-1, обезбедена и со играч помалку по исклучувањето на Арменд Алими во 64-та минута од мечот. Вардар успеа да се спаси од пораз и да покаже дека нема така лесно да се предаде во трката за титулата, иако комплетно го реновираше тимот, а фудбалски барем на почеток не остава впечаток на тим кој е надмоќен и доминира со топката. Голот на Попов беше трет евтогол на мечот, откако претходно Ибраими и Барсегјан дадоа мајсторски голови.

Шкендија откако остана без Алими, успеа преку Бесимир Бојку во 73-та минута да даде гол за водство од 2-1, шест минути откако го замени Валмир Нафиу и во тој момент да го комплетира пресвртот започнат од Бесарт Ибраими со мајсторијата од слободен удар во 54-та минута од мечот.

Вардар на стартот на дуелот по само пет минути поведе со еврогол на Тигран Барсегјан од 20-на метри, а во 14-та минута Ибраими промаши пенал, но Шкендија се обидуваше да израмни до полувремето и сето тоа беше неуспешно.

Извор: Sport1.mk