Фудбал
Светското првенство во 2030 година ќе биде две недели подолго од катарското?
СП 2030 може да се игра во вкупно шест земји, а Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на три од 104 натпревари на турнирот. Првите три натпревари ќе се одиграат во овие јужноамерикански земји по повод одбележувањето на стогодишнината од првото Светско првенство на ФИФА, одржано во 1930 година во Уругвај.
Главни домаќини би биле Мароко, Шпанија и Португалија и таму би се играле сите преостанати натпревари од турнирот. Овој интерконтинентален формат треба да биде потврден или отфрлен до крајот на 2024 година. Покрај играњето на три континенти, специфична би била и должината на турнирот.
Првите натпревари во Јужна Америка би се играле на 8 или 9 јуни, а финалето кое најверојатно би се играло на „Сантијаго Бернабеу“ дури на 21 јули. Јазот помеѓу првиот и последниот натпревар би бил дури 45 дена. За споредба, финалето на Светското првенство во Катар се одигра 28 дена по првиот натпревар.